Американскиот глумец Вилберт Франциско - Бил Кобс, познат по улогите во филмовите „Големиот скок“, „Телохранител“ и „Ноќ во музејот“, почина на 90-годишна возраст, објави неговиот публицист Чак И. Џонс.
Роден во Кливленд, Охајо, САД, Бил Кобс остави длабока трага во Холивуд со удел во над 200 филмски и телевизиски улоги. Кобс е особено успешен во обаста на телевизијата, појавувајќи се во серии како „Сопранови“, „Западно крило“ и „Улицата Сезам“. Своите последни часови ги мина во неговиот дом во Риверсајд, Калифорнија.
Беше активен глумец до самата своја смрт. Неговата кариера доживеа своевиден подем во неговите подоцнежни години, кога режисерите и продуцентите често го избираа за улоги и ликови на зрелост и мудрост.