Кисела Вода е првата општина која поставува надворешни пречистувачи за воздух! Во рамки на роденденското празнување во кое покрај останатите случувања се промовираат и капитални проекти кои се од големо знаење за граѓаните, се реализира ова иновативно еколошко решение. Пречистувачите се поставуваат во најголемите паркови, каде што има најголема фреквенција на луѓе. Претходно, во рамки на истото партнерство со општествено одговорната компанија ЕКОТИП, поставивме и најсовремени внатрешни пречистувачи на воздух во ООУ ,,Невена Георгиева-Дуња” во сите училници.

-Во рамки на родендеската седмица на општина Кисела Вода, денес повторно излегуваме со многу значаен проект, прв во Македонија. Се работи за 5 најсовремени Filter Cube III 5 уреди за надворешна употреба кои се со ненадминливи перформанси досега. Со максимален проток на воздух на Filter од 16,625 м³/ч, обезбедуваат оптимално прочистување на воздухот.

Ова се многу моќни и ефикасни уреди со тежина од 1000 кг и димензии 94 см x 94 см x 360 кои се долготрајни и мошне тивки, кои ќе бидат поставени во парковите и каде што има голема фрекфенција на луѓе и ќе го прочистуваат воздухот.

Претходно, поставивме и најсовремени внатрешни пречистувачи на воздух во ООУ ,,Невена Георгиева-Дуња” во сите училници, што го направи ова училиште првото на Балканот кое има заштита од вируси од ваков тип.

Оваа е вредна донација од општествено одговорната компанија ЕКОТИП, со која Општина Кисела Вода склучи стратешко партнерство и започна заедничка кампања за имплементирање на најсовремени иновативни еколошки решенија.

Сакам искрено и од срце да им се заблагодарам.

Се надевам, дека ова повторно ќе биде пример за другите општини и градот Скопје, сѐ со цел да се подобри животната средина, чистиот воздух и здравјето на идните генерации-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2024 16:10