Основниот суд во Приштина му одреди денеска едномесечен притвор на косовскиот Србин Срѓан Лазовиќ, кој е осомничен за сторено кривично дело „Воено злосторство врз цивилното население“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Лазовиќ е осомничен дека за време на војната во Косово во 1998-99 година извршил злосторства врз цивилното население во селото Панорц, општина Малишево.

Тој беше уапсен од косовската полиција во четвртокот, на 27 јуни, во Лепосавиќ, во северно Косово



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2024 21:09