Беспилотните летала „Бајрактар" за првпат ја започнуваат својата мисија, а првите снимки од нив ги објави министерот за одбрана Нико Пелеши.
- Горди сме што денеска ги споделуваме првите слики од беспилотните летала Бајрактар. Овие беспилотни летала, најнапредната технологија за летање за воени мисии, значително ги подобруваат нашите надзорни и безбедносни способности. Голем исчекор во националната одбрана, напиша министерот Пелеши на Фејсбук.
Албанските вооружени сили веќе неколку месеци поседуваат три беспилотни летала „Бајрактар" купени во Турција, врз основа на договор меѓу двете земји.
Овие дронови се познати по нивната ефикасност и напредна технологија. Тие ќе служат и за следење на територијата, насади со марихуана, дивоградби и ќе бидат во служба на државните институции. Ова е уште еден важен чекор во модернизацијата на албанските вооружени сили, во исполнување на обврските кон НАТО Алијансата.