Припадниците на Министерството за внатрешни работи на Република Србија, во текот на летната туристичка сезона, од денеска, 1 јули до 1 септември годинава, секојдневно ќе работат со своите колеги во Црна Гора - Бар, Будва и Херцег Нови.

Врз основа на потпишаниот Протокол за соработка во текот на туристичката сезона во 2024 година, еден униформиран полициски службеник и еден полицаец од крим-оддел од Србија ќе работат со колеги од Црна Гора, соопшти МВР на Србија.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/07/2024 15:50