Бугарскиот претседател Румен Радев денеска му го врачи мандатот на Росен Желјазков за да состави влада. Според Уставот на Република Бугарија, Радев додели мандат за формирање влада на најголемата пратеничка група - ГЕРБ-СДС.
Кандидат за премиер е Желјазков и самиот го претстави предлог-кабинетот во кој ќе има 19 министри.
„Ова е голема одговорност и тест“, изјави претседателот Румен Радев при врачувањето на мандатот за формирање влада на Росен Желјазков.
Претседателот Радев укажа на високо фрагментираниот парламент, како и на неподготвеноста на мнозинството бугарски граѓани да учествуваат на изборите, што неминовно влијае на легитимитетот на институциите.
Росен Желјазков го прочита составот на предлог-кабинетот. Тој потоа побара од шефот на државата да донесе указ и да го претстави кабинетот на Националното собрание