Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека црногорската полиција извршила разговор со сопругата на мажот кој во саботата рани жандарм пред израелската амбасада во Белград, а телефонот и е одземен и ќе биде испратен на вештачење во Србија.
Дачиќ во изјава за белградски медиуми нагласи дека нејзиното сведочење потврдило дека се работи за терористички чин, пренесе Бета.
„Таа вели дека... добила видео порака. Нејзиниот сопруг бил во јавен превоз и рекол дека автобусот го носи во рај. Спомнал Израелци кои убиваат муслимани“, рече Дачиќ.
Припадникот на Жандармеријата М.Ј. во саботата беше застрелан со самострел во вратот пред израелската амбасада во Белград. Тој пукал во напаѓачот, кој починал од здобиените рани.
По нападот МВР на Србија ги подигна безбедносни мерки на територијата на цела држава.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера изјави дека црвената безбедносна тревога најверојатно ќе важи до вторник.