Одлуката на српските власти за укинување на црвеното ниво на закана за безбедноста ќе биде донесена утре откако ќе биде анализирана безбедносната состојба.

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ нагласи дека е решен мотивот за терористичкиот напад што се случи пред два дена, кога пред израелската амбасада во Белград беше ранет офицер на жандармеријата, со оглед на тоа што се знае дека напаѓачот Милош Жујовиќ прво отишол во синагогата, но дека таму имало многу полиција и нападот го извршил пред амбасадата.

Дачиќ рече дека истрагата оди во насока на самиот терористички напад, како и во насока на анализа на ситуацијата со оние луѓе кои се следени и се препознаени како вахабисти и салафисти.

Според него, при претресот на одредени локации било пронајдено оружје и амблеми на ИД и дека поединци му пружале поддршка на Жујовиќ на социјалните мрежи



Автор: Администратор
Објавено на: 01/07/2024 17:45