Кошаркарот на Бостон селтикс, Дерик Вајт ќе го продолжи договорот со клубот, објави инсајдерот на „ESPN“, Адријан Војнаровски.

Новиот договор ќе биде за 4 години и 125,9 милиони долари.

Дваесет и деветгодишниот Американец минатата сезона имаше просек од 15,2 поени, 4,2 скока и 5,2 асистенции на 73 натпревари.

Вајт со Бостон годинава стана шампион во НБА-лигата.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/07/2024 12:17