Српската Влада одлучила да почне медиумска кампања во следните две недели со цел да го поддржи проектот за ископ на литиум. Според извор на телевизијата Н1, на провладините медиуми им е испратен список на луѓе кои треба да бидат секојдневно соговорници на гостувања, дебати и тркалезни маси на тема ископ на литиум.
Во пораката проследена до уредниците на провладините медиуми, а во која имаа увид од Н1, се наведува дека тие соговорници, меѓу кои се професори по рударство и геологија, Машинско инженерство и Техничкиот факултет во Нови Сад , како и Здружението на рударски и геолошки инженери на Србија, треба да бидат повикани на гости да зборуваат за позитивните ефекти од ископувањето литиум.
Во порака до медиумите, се советува да се договорат гостувања со лице кое исто така е консултант во Рио Тинто и дека е важно кампањата да започне веднаш.
Здружението „Не го даваме Јадар“ поднесе барање до Владата на Србија, и даде рок од 40 дена, односно до 10 август, да донесе законска забрана за геолошки истражувања и експлоатација на литиум и бор во Република Србија.