Летовите од аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина се одвиваат по планираниот редослед откако надлежните служби утврдиле дека заканата за бомба била лажна, соопштено е денеска.
„Ја информираме јавноста дека по заканата за бомба, преземени се сите оперативни и истражни дејствија од страна на надлежните органи кои утврдија дека дојавата за поставената бомба е лажна“, се вели во соопштението на приштинскиот аеродром.
Косовската полиција претходно соопшти дека проверува дојава дека на аеродромот е поставена експлозивна направа