Зек Ефрон е ѕвездата на новиот филм на „Нетфликс“ - „Семејна афера“ (A Family Affair), што почна да се прикажува на платформата пред неколку дена. Комедијата има првична и не толку завидна оценка 5,5 / 10 на ИМДБ, а обожавателите зборуваат и за новиот изглед на познатиот глумец.

„Што се случи со Зек Ефрон? Тој изгледа како сосема поинаква личност“, гласи еден коментар на „X“.

Гласините говореа дека тој направил естетска пластична операција. Во интервју за „Пипл“ (People) пред извесно време, Ефрон се осврна на озборувањата и откри дека ја скршил вилицата во 2013 година, поради што „му се зголемиле мускулите на лицето и вилицата“, како што рече. Тоа, според многумина, е прилично неубедлива приказна.

Инаку, Зек (36) во новиот филм глуми со 20 години повозрасната Никол Кидман. Пред излегувањето на филмот, Ефрон, говорејќи за улогата, рече дека „бил исплашен“ од својата поискусна колешка.

- Бев малку исплашен, но средбата со Никол е секогаш одлична. Таа е талентирана глумица, љубезна е, грижлива и држењето со неа е секогаш прекрасно, истакна Ефрон.

Приказната е за ликот на Кидман којшто има бурна афера со шефот на својата ќерка, кого го глуми Ефрон



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2024 04:29