Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак вечерва соопшти дека на трипартитната средба на делегациите на Белград предводена од директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петер Петковиќ, Приштина предводена од Бесник Бисљими и делегацијата на Европската Унија се разговарало за голем број теми и дека страните постигнале договори за „многубројни следни чекори“, јави дописникот на МИА од Белград.

-По повеќе од седум часа завршија средбите со главните преговарачи. Разговаравме на различни теми со Бесник Бисљими и Петар Петковиќ и договоривме бројни следни чекори, напиша Мирослав Лајчак на мрежата Х .



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2024 12:33