Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека Србија е цврсто посветена на мирот и оти ќе направи се за да го зачува.

Тој рече дека денеска во касарната „Бањица 2“ во Белград се одржала седница на проширениот колегиум на началникот на Генералштабот на која присуствувал претседателот на Србија и врховен командант на вооружените сили на Србија, Александар Вучиќ и оти на неа биле анализирани состојбата и опремата на армијата, ситуацијата во регионот и светот и безбедносните закани.

- Нашата држава е цврсто посветена на мирот и ќе направиме се за да го зачуваме. Во претходните години, српските вооружени сили значително ги подобрија своите оперативни способности и ќе продолжат да ги зајакнуваат со купување најсовремено оружје и опрема, како и инвестирање во персонал и обука на припадниците на српските вооружени сили, напиша Вучевиќ на Инстаграм.

Тој додаде дека Србија има многу задачи пред себе, но верува оти српските вооружени сили ќе бидат уште посилни „и на гордост на сите српски граѓани, чувари на безбедноста, суверенитетот и независноста на земјата“



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2024 15:57