Германскиот шампион Баер Леверкузен е заинтересиран за дефанзивецот Матс Хумелс, објави Скај Спорт.
Раководството на клубот во последните недели разговарало за неколку имиња за оваа позиција, со намера да доведат искусен дефанзивец. „Аспирините“ бараат замена за Џонатан Та, чиј трансфер во Баерн Минхен е само прашање на време.
Триесет и пет-годишниот поранешен играч на Борусија Дортмунд ги исполнува поставените критериуми и затоа неговото име се нашло меѓу оние кои се разгледуваат.
Сепак, Хумелс се уште нема донесено одлука каде ќе ја продолжи кариерата