На предлог на градоначалникот Дарко Костовски, Советот на општина Бутел едногласно донесе одлука за помош во износ од три милиони денари, за граѓаните кои претрпеа штети од невремето во општина Бутел.
Како што денеска соопштија од Општината, средствата во износ од три милиони денари ќе бидат обезбедени од општинскиот буџет и ќе биде формирана комисија за проценка на штетите од невремето.
-Наскоро, локалната самоуправа ќе ја објави постапката за утврдување на штетите. Градоначалникот Дарко Костовски нагласи дека секогаш ќе изнајде начин да им помогне на сите граѓани на општина Бутел, се додава во соопштението.