Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, кој е мета на критики од медиумите на островот и јавноста, се одлучи за формација со тројца одбранбени играчи, пишува „Гардијан“.

Според известувачите на тиражниот британски весник, Саутгејт сака да го подобри настапот на „Гордиот Албион“ со офанзивен пристап на натпреварот против Швајцарците. Последен пат користеше ваков тип на формација во финалето на Европското првенство во 2021 година на лондонски „Вембли“, кога неговиот тим беше поразен од Италијанците по подоброто изведување пенали.

Англискиот стручњак е критикуван од многумина за претпазливиот пристап кон селекции со поскромни индивидуални квалитети. Едвај во 90 минута Англија успеа да ја совлада Србија во првиот натпревар од групата Ц, кога Џуд Белингам го постигна единствениот гол. Против Данците одиграа 1:1, стрелец беше Хари Кејн, додека дуелот со Словенија беше без голови.

Англичаните се мачеа во осминафиналето против Словачка. Од срам ги спаси голот на Белингем во судиското надополнување, а Кејн обезбеди пласман меѓу осумте најдобри.

Натпреварот меѓу Англија и Швајцарија е закажан за в сабота од 18:00 часот во Дизелдорф



Автор: Администратор
Објавено на: 04/07/2024 00:26