Приливот на странски директни инвестиции (СДИ) во Албанија постојано се зголемува, главно благодарение на секторот за недвижности во земјата и високата маржа на профит реинвестирана во различни сектори на економијата, јави АТА.
Централна банка на Албанија денеска соопшти дека инвестициите во секторот на недвижности учествуваат со околу 23 отсто од вкупната вредност на тековите на СДИ во земјата во првиот квартал од 2024 година.
Кварталните податоци го потврдуваат нагорниот тренд на тековите на СДИ во финансискиот и нафтениот сектор во земјата во последните неколку години.
Тековите на СДИ во финансискиот сектор сочинуваат 21% од вкупниот обем, во нафтениот сектор - 13 проценти, а во енергетскиот и комуникацискиот сектор - пет отсто од вкупниот обем на инвестиции.
Според податоците на Централната банка, лани приливот на СДИ во Албанија изнесувал 1,49 милијарди евра, што бележи зголемување од 8,7 посто на годишна основа, а учеството на инвестициите во реалниот сектор на државата се проценува на околу 22 проценти од вкупна вредност.
Тие достигнале 325 милиони евра, со раст од 12 отсто споредено со 2022 година.