Нов градоначалник на приморското албанско гратче Химара, жителите ќе избираат на 4 август.
Уредба за тоа попладнево потпиша шефот на државата, Бајрам Бегај, експресно по одлуката на Централната изборна комисија (ЦИК), за одземање на градоначалничкиот мандат на Фреди Белери, откако од него владата побара да одреди датум за избори.
Во уредбата меѓу другото стои дека претседателот Бегај ја потпишал уредбата откако претходно на разговор го повикал претседателот на ЦИК, Илиријан Целибаши, за да се информира околу „капацитетите и погодноста на комисијата за спроведување на вонредни избори, се во рамки на изборниот законик“.
Белери (52) на ланските локални избори, одржани на 14 мај, беше реизбран за градоначалник на Химара, гратче населено главно со припадници на грчкото малцинство. Два дена пред изборите, тој беше уапсен под обвинение дека понудил 40.000 албански леки (360 евра во тоа време) за да купи осум гласови, од кога беше во притвор, поради што и не положи заклетва. Албанскиот специјален апелациски суд на 25 минатиот месец му ја потврди двегодишната затворска казна