Општина Ѓорче Петров во соработка со Кинотека Македонија првпат организира низа на филмски проекции низ повеќето населби на територијата на општината. Филмскиот караван почнува овој викенд, на 6-ти и 7-ми јули во населба Хром, поточно на полјанката.
Како што информираат од општинската прес-служба, проекциите ќе се реализираат по следниот редослед: во сабота во 21 часот ќе се прикаже филмот за деца до 15-годишна возраст „Стела" во режија на Стојан Вујишиќ. Во недела во 21 часот предвидена е проекција на филмот за повозрасната генерација "Те дуа, жими мене" на Марјан Гавриловски.
Целта на овој проект, како што се наведува во соопштението, е промоцијата на културата, како и промовирање на македонски филмови, со цел да ги зачуваме вредностите и културолошки да ја издигнеме нашата општина.