Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека ништо не им служи повеќе на мирот и безбедноста на регионот и Европа како зачленувањето на Косово во Европската Унија и Северноатлантската алијанса, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во видео-обраќање до Социјалистичката интернационала, која е организација на левичарски партии, Курти вели дека „колку повеќе граѓаните од српската заедница се интегрираат во Република Косово, толку потешко ѝ е на Србија да ја постигне својата визија за територијална експанзија“.

-Само минатата година Србија киднапираше тројца полицајци од нашите граници и на 24 септември изврши терористички напад во кој загина полицаец, со крајна цел да го анектира северниот дел од нашата територија … Ние сме силно посветени на вредностите и идеите кои ги провејуваат овие организации и нема ништо што би придонело повеќе за мирот, стабилноста, безбедноста и демократијата на Западен Балкан и Европа од членството на Косово, изјави Курти.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/07/2024 04:49