Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски ги додели првите решенија на граѓаните кои имаа поднесено барање за добивање еднократна парична помош за купување инвертер клими или соларни панели.
Оваа мерка е дел од Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2024 година. Износот кој го доделува Општината како финансиска помош изнесува 50% од сумата за која е купена инвертер климата или соларниот панел, односно до максимум 10 илјади денари по производ, информираат од Општина Илинден.
Како што потенцира градоначалникот, Александар Георгиевски, целта е да се стимулираат граѓаните на Општина Илинден (домаќинствата) за употреба на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување или ладење на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината.
Додава дека грижата и поддршката за граѓаните е секогаш приоритет на Општина Илинден и воедно најавува дека доделување на субвенции ќе продолжи и во наредниот период