Политичкиот трилер на Гоце Цветановски, „Бизнисот на задоволството“ влезе во официјалната селекција на 17-тото издание на фестивалот Сине дел Мар во Пунта дел Есте, Уругвај.

Филмот, како што најавува режисерот Цветановски, ќе биде прикажан пред уругвајската публика во ударен термин, в петок 12 јули, во 20 часот.

После Аргентина, Панама, Перу, Венецуела и Боливија, ова е шеста номинација на „Бизнисот на задоволството“ во Латинска Америка. Инаку филмот се закити со награди за најдобар филм во Панама и Перу.

„Бизнисот на задоволството“ ја обработува темата на трговија со жени, и есенва се очекува да биде прикажан во македонските кина. Во главните улоги играат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ и Исмаил Касуми, а финансиран е од Агенцијата за филм.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/07/2024 03:56