Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со волонтери од општинската организација на Црвениот крст Гази Баба денес на терен низ Ченто ја започнаа акцијата за делење на флаширана вода по повод високите температури.

За настанот, градоначалникот Стефковски информираше со објава на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Граѓанинот пред се!

Заедно со волонтерите на општинската организација на Црвениот крст Гази Баба поделивме флаширана вода на граѓаните низ Ченто.

Апелирам до сите граѓани да ги почитуваат советите од здравствените работници за заштита од високите температури.

Општина Гази Баба како одговорна локална самоуправа оваа акција ќе ја продолжи и во следниот период на други локации низ општината. – напиша Стефковски.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/07/2024 05:00