Холандскиот 27-годишен фудбалер Дони Ван де Бек објави денеска дека ги напушти редовите на Манчестер јунајтед и кариерата ќе ја продолжи во шпанскиот прволигаш Жирона.
„Денеска е важен ден за мене, бидејќи мојата авантура во клубот заврши. Сакам да им се заблагодарам на сите за поддршката низ годините. Од моментот кога пристигнав, се чувствував исклучително добро и благодарен сум за тоа“, рече Ван де Бек во изјави за клупската телевизија.
Холандскиот играч од средниот ред во Жирона ќе му се приклучи на својот сонародник Дејли Блинд Ван де Бел пристигна на „Олд Трафорд“ во 2020 година и одигра 62 натпревари во сите конкуренции. Со Јунајтед играше во финалето на Лига Европа во својата дебитантска сезона, кога англискиот клуб загуби од Виљареал на пенали.