Во рамки на 45. „Скопско лето“, вечер од 20.30 часот во Сули ан ќе биде промовирана книгата „Орото да не ни застане“ од Предраг Шушиќ.
Како што соопшти Дирекцијата за култура и уметност - Скопје, организатор на „Скопско лето“, промоцијата е организирана во соработка со Министерството за култура и медиуми на Црна Гора и со НВО „Кирјана“ (NVU Crnogorsko makedonsko prijateljstvo Kirjana).
Книгата ќе ја промовира Мирјана Мичевска, а настанот ќе биде збогатен со настап на женска пејачка група при фолклорниот ансамбл „Никола Ѓурковиќ“, во придружба на пијанистката Магдица Манасиева и сопранот Билјана Баевска.
Влезот за посетителите е слободен.