Напаѓачот на репрезентацијата на Аргентина, Лионел Меси изјави дека игра на последната Копа Америка во кариерата.

-Тоа беше тежок турнир за Аргентина бидејќи тимовите играат поизрамнето од кога било. Тука има многу лоши терени, многу високи температури... За мене ова е последната Копа Америка, последното Светско првенство го игравме со Ди Марија и Отаменди во Катар, а сега ги играме нашите последни натпревари заедно и уживаме во тоа максимално, изјави Меси за „Мундо Депортиво“.

Триесет и седум-годишниот Аргентинец стана светски шампион (2022) и победник на Копа Америка (2021). Тој е и светски вицешампион (2014) и трикратен освојувач сребрен медал на Копа Америка (2007, 2015, 2016).

Репрезентацијата на Аргентина ја победи Канада со 2:0 во полуфиналето на Копа Америка. Во финалето Аргентинците ќе играат против Колумбија. Натпреварот ќе се одигра на 15 јули.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2024 17:59