Васко Атанасов и во следниот период од клупата ќе го предводи тимот на МЗТ Скопје Аеродром, соопштија од клубот.
За 30-годишниот стратег ова ќе биде втора сезона која од самиот старт ќе ја почне како прв тренер.
Атанасов веќе има две шампионски титули со аеродромци, како и еден трофеј од Купот на Македонија, освоен во февруари годинава на завршниот турнир во Битола.
Претходно тој ги водеше екипите на БАС Академи, Струмица и молдавскиот прволигаш Адмиралс.
Атанасов веќе има осум кошаркари на располагање за следната сезона и тоа новото засилување, Американецот Брандон Слај, потоа Хрватот Марко Баковиќ, браќата Дамјан и Војдан Стојановски, кои неодамна ги обновија договорите, како и „староседелците“ Бојан Крстевски, Марин Петков, Андреј Андоноски и Марко Миловановиќ, се додава во соопштението на клубот.