Српскиот кошаркар Милош Копривица (29 год, 208 см) е нов играч на МЗТ Скопје Аеродром.
Станува збор за искусен центар, кој своевремено беше голем талент на Партизан, каде што мина две сезони, а во ист период потоа настапуваше и во дресот на Мега баскет.
Тој освен што настапуваше за овие два клуба во јадранската елита, играше и како член на Ловќен, Подгорица и Сутјеска. Копривица минатата сезона ја мина во унгарскиот тим Капошвар од каде што направи трансфер во Аеродром.
- Србинот од второ засилување за нашиот тим летово, по Американецот Брандон Слај, додека продолжување на соработката потпишаа хрватскиот интернационалец Марко Баковиќ и браќата Дамјан и Војдан Стојановски. Договор со нашиот состав имаат уште и Бојан Крстевски, Марин Петков, Андреј Андоноски и Марко Миловановиќ, соопшти МЗТ.
Аеродромци во новата сезона ќе ги бранат трофеите во првенството и куопот