Фудбалерот на Севиља и Шпанија, Хесус Навас изјави дека ќе ја заврши кариерата во националниот тим по Евро 2024 година.

- Ова ќе биде мојот последен натпревар. Дека добро си ја завршив работата покажува и фактот што по сите овие години се уште сум тука. Дури и на 38 години, сè уште сум возбуден што ќе му помогнам на тимот и на мојата земја. Но, одлуката е донесена, го цитира ESPN Навас.

Триесет и осумгодишниот Шпанец одигра 56 натпревари за националниот тим, постигна пет голови и една асистенција. За националниот тим дебитираше во 2009 година, станувајќи светски, европски и шампион во Лигата на нации.

На ЕП 2024, Навас одигра два натпревара - против Албанија (1:0) и Франција (2:1).

Финалето Шпанија - Англија ќе се игра во Берлин вечер од 21 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/07/2024 19:46