Колумбискиот репрезентативен играч за врска Хамес Родригез е прогласен за најдобар фудбалер на Купот на Америка во 2024 година.
Триесет и тригодишниот Родригез на турнирот постигна еден гол и направи шест асистенции на шест натпревари.
Рано утрово Колумбија загуби од Аргентина (0:1) по продолженија во финалето на Копа Америка 2024 година. Родригез влезе на теренот во почетниот состав и беше заменет на стартот од продолженијата.
Од летото 2023 година, Родригез настапува за бразилскиот Сао Паоло. Претходно играше за Олимпијакос, Ал Рајан, Евертон, Баерн Минхен, Реал Мадрид, Монако, Порто, Банфилд и Енвигадо