Во Финалисима 2025 година ќе се сретнат репрезентациите на Шпанија и Аргентина.

Финалисима е натпревар на кој се среќаваат победниците на последното Европско првенство и Копа Америка.

Актуелен и досега единствен носител на трофејот е репрезентацијата на Аргентина - во 2022 година избраниците на Лионел Скалони ја победија Италија (3:0).

Вчеравечер, репрезентацијата на Шпанија ја совлада Англија (2:1) во финалето на Евро 2024 година. Утринава, Аргентина ја совлада Колумбија (1:0) во решавачкиот натпревар на Копа Америка 2024 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2024 17:21