Напаѓачот на Атлетико Мадрид и репрезентацијата на Шпанија, Алваро Мората не одговори на прашањето за евентуална преселба во Милан по финалето на ЕП 2024 против Англија (2:1).
- Дозволете ми да уживам во победата на Европското првенство, сега е време за славење, а потоа треба да одиме на одмор. Дали кариерата ќе ја продолжам во Италија? Ќе видиме, ги цитира новинарот Никола Шира зборовите на Мората.
Договорот на Мората со Атлетико е до крајот на јуни 2026 година.
Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на 31-годишниот Шпанец на 16 милиони евра