Поранешниот играч на Баерн Минхен и Ливерпул, Џердан Шаќири, (32), објави денеска дека се повлекува од меѓународниот фудбал, по 14 години минати во дресот на швајцарската репрезентација.
Шаќири за Швајцарија одигра 125 натпревари и постигна 32 голови. Тој е единствениот швајцарски играч кој се појавил на седум големи турнири, од Светското првенство 2010 до ЕВРО 2024.
„Седум турнири, многу голови, 14 години со репрезентацијата на Швајцарија и незаборавни моменти. Време е да се збогуваме со репрезентацијата“, напиша Шаќири на Инстаграм.
Шаќири, кој по три пати ги освои швајцарската и германската лига со ФК Базел и Баерн, како и Премиер лигата со Ливерпул, од 2022 година настапува за Чикаго во американската МЛС лига