Дефанзивецот на Арсенал, Нуно Таварес, му се приклучи на Лацио на позајмица, објави денеска римскиот клуб на својот официјален сајт.

Договорот за позајмица со 24-годишниот Португалец се однесува на сезоната 2024/25. Таварес му се приклучи на Арсенал во јули 2021 година, а во сезоната 2023/24 настапуваше како позајмен фудбалер за Нотингем Форест.

Вредноста на Таварес на трансфер пазарот се проценува на 15 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2024 05:27