Фудбалерот на Челзи, Енцо Фернандез се извини за навредливото скандирање за време на прославата за победата на Аргентина од 1:0 над Колумбија во финалето на Копа Америка. Во автобусот по мечот, играчот од средниот ред заедно со сонародниците пееше расистичка песна со која ги навреди фудбалерите на француската репрезентација.

- Би сакал искрено да се извинам за видеото објавено на мојата страница за време на прославата на победата. Песната содржи многу навредлив јазик и нема апсолутно никакво оправдување за овие зборови. Се спротивставувам на дискриминацијата во сите форми и се извинувам што ме фати еуфоријата од нашата победа во Купот на Америка. Ова видео, овој момент, овие зборови не ги одразуваат моите верувања или мојот карактер. Навистина ми е жал, напиша Енцо на социјалната мрежа.

Француската фудбалска федерација ќе испрати барање до ФИФА да преземе мерки во врска со инцидентот.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2024 17:55