Капитенот на Англија, Хари Кејн ја коментираше оставката на селекторот Герет Саутгејт.

-Шефе, ти благодарам за се што направи за мене и за тимот. Ти си еден од најдобрите тренери во Англија, со задоволство ја носам капитенската лента во овој тим, напиша фудбалерот на социјалните мрежи.

Педесет и тригодишниот тренер беше селектор на репрезентацијата на Англија од септември 2016 година. Под негово водство Британците одиграа 102 натпревари, извојуваа 64 победи, 20 пати ремизираа и загубија на 18 средби.

На Евро 2024 Англија го загуби финалето од Шпанија со резултат 1:2



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2024 19:57