Засилувањето на Реал Мадрид, Килијан Мбапе ќе ја пропушти летната претсезонска турнеја на „Кралевите“ во Соединетите Американска Држави, објави „Атлетик“.
За време на турнејата мадридскиот клуб ќе одигра три пријателски натпревари. Противници на Реал ќе бидат Милан, Барселона и Челзи.
Мбапе ќе се подготвува за новата сезона во шпанскиот клуб. Планот на Реал Мадрид е Французинот да настапи на натпреварот од Суперкупот на УЕФА во Варшава против Аталанта.
Реал Мадрид го објави трансферот на Мбапе на 3 јуни. Фудбалерот потпиша договор со клубот до летото 2029 година. Претходно, напаѓачот настапуваше за ПСЖ, со кој шест пати стана шампион на Франција, четири пати го освои националниот куп, три пати Суперкупот и двапати го освои францускиот Лига куп.