Фудбалскиот клуб Реал Мадрид на социјалните мрежи и официјално потврди дека хрватскиот фудбалер Лука Модриќ и следната сезона ќе биде дел од „галактикосите“.

Модриќ во Мадрид пристигна во 2012 година од Тотенхем. Многу брзо потоа беше прогласен за најлошиот трансфер во Ла Лига за таа сезона. Сепак, сè тргна во сосема друга насока.

Искусниот играч за врска со текот на времето стана главен играч на „галактикосите“. Тој освои шест титули во Лигата на шампионите, како и шест титули во Ла Лига и два трофеи во Копа дел Реј. Круната на сето тоа дојде во 2018 година кога ја освои „Златната топка“.

За „кралскиот клуб“ одигра вкупно 534 натпревари на кои постигна 39 голови со 86 асистенции.

Иако имаше индикации дека Модриќ летово би можел да го напушти „Сантијаго Бернабеу“ бидејќи имал понуди од Саудиска Арабија, легендата на Реал Мадрид реши да одигра уште една сезона во шпанската престолнина, по што најверојатно ќе се пензионира.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2024 20:45