На Килијан Мбапе нема да му треба операција на скршениот нос, тврди „АС“ врз основа на информации добиени од прелиминарните резултати од медицинските тестови во Реал Мадрид. Без разлика, неговата состојба ќе се следи понатаму преку чести тестови.

Вчера францускиот интернационалец беше претставен на „Сантијаго Бернабеу“ и призна дека го чека мислењето на лекарите. Мбапе се повреди на мечот на Франција со Австрија на Европското првенство, поради што подоцна носеше маска.

Сега тој ќе биде на одмор до 8 август, кога се очекува да се врати во „белиот клуб“. Така ќе ја пропушти американската турнеја на „кралевите“.

Мбапе е амбициозен да игра на натпреварот од Суперкупот на Европа против Аталанта на 14 август.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/07/2024 05:17