Атлетико Мадрид продолжува да бара замена за напаѓачот Алваро Мората, кој ќе се пресели во Милан, пренесува „Марка“.

Според информациите, клубот избира меѓу тројца кандидати. Станува збор за напаѓачот Артјом Довбик од Жирона, Хулијан Алварез од Манчестер Сити и Александре Сеорлот кој настапува за Виљареал.

Опцијата со најдобриот стрелец на Ла Лига од минатата сезона е приоритет, бидејќи неговиот клуб е подготвен да преговара за трансфер на украинскиот напаѓач по прифатлива цена за „јорганџиите“, која не надминува 40 милиони евра.

За разлика од Каталонците, „жолтата подморница“ и „граѓаните“ имаат многу поголеми финансиски барања за разделба со напаѓачите, што ги отежнува преговорите со нив.

„Мундо Депортиво“ претходно објави дека Алварез (24) е приоритетна цел на клубот да го замени Мората. Минатата сезона, 27-годишниот Артјом Довбик учествуваше на 41 натпревар на сите турнири, на кои постигна 25 гола и 10 асистенции



Автор: Администратор
Објавено на: 18/07/2024 05:42