Екипата на НУ „Завод и музеј – Охрид“ составена од кустосот Катерина Велкоска и раководителкатата на проектот „Сто години од раѓањето на Ванѓeл Наумовски'', конзерваторот за штафелајно сликарство Сашо Блажески и Никола Патчев, виш конзерватор за ѕидно сликарство, ги привршува активностите за конзервација на колекција слики на Вангел Наумовски.

Станува збор за уметничките дела на Наумоски што ги красеа просториите на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ од Охрид.

Конзерваторскиот тим кој работеше две недели на овој проект изврши детална проверка на делата, отстранување на нечистотијата, китирање и поправка на оштетените делови на сликите и ретуширање на оштетените од човечки фактор покрај временски и атмосферски фактор сликарски површини.

Во овој доста краток период се привршуваат најважните чекори кон заштита на оваа значајна збирка за престојната изложба „ Сто години од раѓањето на Ванѓeл Наумовски'', што е дел од овогодишната изложбена програма на НУ „Завод и Музеј – Охрид“.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/07/2024 16:45