Капитенот на шпанската фудбалска репрезентација Алваро Мората е нов играч на Милан, објави славниот италијански клуб.
Мората пристигнува на „Сан Сиро“ по освоената титула европски првак, на покана на Златан Ибрахимовиќ, откако потпиша договор на четири години и ќе го носи бројот „седум“.
Мората има 31 година, кариерата ја започна во Атлетико, а потоа играше за Реал Мадрид, Јувентус и Челси, за да се врати кај „црвено-белите“ од Мадрид во 2019 година.
За Шпанија одигра 80 натпревари и постигна 36 гола.