Неверојатни информации пристигнаа од Англија, каде „Дејли Мејл“ објави детали за раскинувањето на соработката помеѓу Челси и Греам Потер.

Англискиот менаџер беше отпуштен во април 2023 година, седум месеци откако ја презеде функцијата селектор на лондонските сини. Челси бил обврзан да му ја исплати платата на Потер за следната година и пол доколку не најде нова работа.

Така, секоја недела на неговата сметка влегуваат по 200.000 фунти.

Потер сега е кандидат за нов селектор на Англија, откако Герет Саутгејт поднесе оставка по Европското првенство



Автор: Администратор
Објавено на: 19/07/2024 18:18