Ламин Јамал ја предводеше Шпанија до шампионската титула на Европското првенство, а беше прогласен и за најдобар млад играч на турнирот во Германија. Сето ова доведе до растење на апетитите на талентираниот крилен напаѓач.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, Јамал, односно неговиот агент Жорге Мендеш, побарал од Барселона да го промени договорот на 17-годишниот Шпанец. Ова се однесува пред се на приходите што ги има Јамал.
Младиот фудбалер на каталонскиот клуб заработува „само“ 32 илјади евра неделно, а околу 1,7 милиони годишно. Сепак, ова е значително помалку од другите најдобри играчи во тимот, кој ќе биде предводен од Ханси Флик од ова лето.
Не е познато колкава плата бараат Јамал и Мендеш од Барселона, но јасно е дека клупските челници ќе направат се за да ја задржат младата суперѕвезда на „Камп Ноу“.
Уште повеќе, управата на Барселона му подготви нов договор по Европското првенство. Сегашниот истекува во 2026 година, а новиот треба да важи до 2030 година. Таму се очекува гореспоменатото зголемување на платата, а Каталонците ќе ја вметнат и веќе познатата клаузула од една милијарда евра која веќе ја имаат Педри и Гави во своите договори.