Поранешниот репрезентативец на Арсенал и Франција, Тиери Анри, би можел да стане нов селектор на САД, објави Фабрицио Романо.
Стручњакот би можел да биде назначен на оваа функција по Олимпијадата, бидејќи во моментов е на чело на младинскиот тим на „петлите“, кој ќе ја претставува земјата за време на Париз 2024.
Претходно, 50-годишниот Американец Грег Берхалтер беше отпуштен од функцијата селектор на САД, откако тимот не успеа да стигне до елиминациите на Копа Америка.