Во натпреварот за пласман од 13. до 16. позиција на Европското првенство во Полска, македонската машка кошаркарска селекција под 20 години загуби од селекцијата на Исланд со убедливи 116:87.

Натпреварот беше последна шанса во битката за да се избегнат последните три позиции на првенството кои водат кон преселба во „Б“ дивизијата.

Одбраната беше сериозен проблем во играта на Македонија, а во третата четвртина за само осум минути дозволивме Исланд да постигне неверојатни 37 поени.

Шошкиќ заврши со 19 поени и пет асистенции, Јовановиќ заврши со 17 поени, три скока и две додавања, Иванов имаше 15 коша и пет скока, а Симиќ додаде 11 поени и осум скока.

Во последниот меч од турнирот во Гдиња, во недела нė чека поразениот од натпреварот меѓу Турција и Црна Гора за избегнување на последното место на ова ЕП.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/07/2024 21:35