Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, јасно стави до знаење дека ќе се потпре на Џејден Санчо.
Англискиот интернационалец имаше спор со стручњакот во минатата сезона и играше како позајмен во Борусија Дортмунд, каде остави добар впечаток.
-Зборувавме добро со Санчо. Секој може да направи грешка. Повлековме линија и продолжуваме понатаму. На овој клуб му требаат добри играчи и едно е сигурно - Џејден е многу добар играч. Се надевам дека ќе игра и ќе придонесе за нашиот успех - изјави Тен Хаг