Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Матео Ковачиќ може да се пресели во Фенербахче.
Ова е веста која во петокот ја објави турски „Таквим“.
Португалскиот тренер Жозе Мурињо, кој го презеде тимот ова лето, сака да го смести Ковачиќ покрај Бразилецот Фред на средината теренот.
Денес „Милиет“ има нов напис за Ковачиќ, а информациите се слични.
- Ковачиќ реши со трансферот да го шокира Гвардиола и целиот фудбалски свет, наведуваат Турците.
Хрватскиот претставник одигра 46 натпревари за „граѓаните“, постигна три гола, еднаш асистираше и освои три трофеи.
Неговиот договор со клубот од „Етихад“ е до летото 2027 година.