Германската фудбалска лига (ДФЛ) објави дека Бундеслигата и Цвајт (втора Бундес лига) соборија рекорди во продажба на билети минатата сезона.

Како што е објавено, во сезоната 2023/24 година забележан е раст од пет проценти во продажбата на билети во првите две елитни германски лиги. Бројот на продадени билети минатата сезона изнесува 20.737.276. Во сезоната 2022/23 се продадени 19.755.465 билети.

Просечниот број на продадени билети по натпревар беше 33.885 билети, што исто така претставува нов просечен рекорд на посетеност во германскиот професионален фудбал.

Кога се гледаат двете лиги поединечно, Бундеслигата бележи вкупно 11.925.726 продадени билети со просечно 38.973 продадени билети по натпревар. Тоа значи дека Бундеслигата останува лидер во првите пет европски лиги кога е во прашање просечната продажба на билети по натпревар. Стадионите во Бундеслигата исто така имаа просечна пополнетост од 95,2%.

Во Цвајт продадени се вкупно 8.811.550 билети, од кои 28.796 по натпревар. Ова е зголемување од 30% во однос на минатата сезона.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/07/2024 06:19